ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Слупчане, Матејче и Арачиново блокирани


Слупчане, Матејче и Арачиново се под полициска контрола, дознава 24 вести. Според нивните информации косовска група наводно извршила упад на македонска територија кај село Слупчане.Повеќе медиуми објавија дека во Арачиново и во делот од општина Липково во тек има повеќе полициски блокади и во тек е полициска акција. Од МВР за Телма потврдија дека има полициска акција во рамките на редовните активности на МВР.policija nokj

Од МВР ги негираа овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола, дека на терен во липковско има само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“ а во врска со мигранти.

Потврдуваат дека има блокада на влезот во Арачиново, но најавија дека детали за акцијата ќе бидат соопштени утре.

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1