Нов бомбашки напад го потресе светот: 30 загинати на фудбалски натпревар


Најмалку 30 лица загинаа, а 60 се повредени во денешниот самоубиствен напад што се случи за време на фудбалски натпревар во Искандерија.isis teroristi 3222

Напаѓачот носел појас со експлозив што го активарал меѓу публиката на аматерскиот фудбалски натпревар во Искандарија, околу 40 километри јужно од Багдад.

– Кога победниците го примаа трофејот бомбашот-самоубиец се разнесе меѓу публиката, изјави полициски претставник.

Лекарите потврдија дека меѓу загинатите е и градоначалникот на Искендерија, кој починал во болница.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1