Голема полициска акција, уапсени група шверцери на цигари


policija 3Полицијата во синоќешната акција во источна Македонија уапси неколку лица кои биле дел од поголема група кои шверцувале цигари во Бугарија.

Од МВР информираат дека се извршени и претреси во повеќе објекти во Делчево, Крива Паланка и други локации во источна Македонија.

Како што појаснуваат од МВР, полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип, по што осомничените со својот теренец удриле во дрво по што биле приведени.

Четворица од големата кривопаланечка група која шверцувала цигари се во бегство и не им се знае локацијата, а засега уапсени се седум жители од Крива Паланка и Делчево, како и жител од делчевското село Драмче, за кои МВР вели дека стојат зад шверцот на 19.480 кутии цигари вредни 40.000 евра. Цигарите,
банда ги шверцувала од Македонија во Бугарија.

nt cigari 2Полициската акција ззапочнала ноќеска. Кога налетал на полициска патрола, еден од групата со возило сакал да ги прегази полицајците, ја пробил заседата и избегал, а полицајците започнале да пукаат кон него, но не го раниле.

За брзо време започнала потрага, па се пронајдени 24-годишниот Д.К. од Крива Паланка кој се криел во плевна во близина на селото Панчарево, додека вториот бегалец 31-годишниот В.П. од Пехчево е пронајден во шумските предели над истото село.

Пукање на граница, шверцери сакале да ги прегазат полицајците – 4 во бегство (Видео)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1