Пукање на граница, шверцери сакале да ги прегазат полицајците – 4 во бегство (Видео)


Полицијата ги лиши од слобода Д.К., В.П., Б.А., Б.А.,М.Р. Д.Т., и М.Ѓ., сите од Крива Паланка, како и И.Д. од делчевското село Драмче, а уште четири други лица се во бегство, осомничени дека криумчареле цигари од Македонија во Бугарија.  

Како што денеска соопшти МВР, реализиран е случај на заплена на 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со што е сузбиена криминална група која подолг временски период вршела прекуграничен криминал со шверц на цигари.

nt cigari 2Полицијата во близина на граничен камен 62 во делот на државната граница на Македонија со Бугарија поставила „заседа“ за спречување прекуграничен криминал, односно криумчарење акцизна стока во зелениот појас. При обидот на полициските службеници да сопрат патничко моторно возило „форд експлорер“ со бугарски регистарски таблички, кое се движело во правец на село Панчарево, Делчево, возачот го насочил возилото кон полициските службеници со намера да ги прегази, ја пробил заседата и побегнал. Во моментот на пробивање на заседата, стои во соопштението, од страна на полициските службеници согласно полициските овластувања употребено е огнено оружје. По половина час потрага возилото е пронајдено напуштено, откако неконтролирано удрило во дрво покрај патот.  Продолжено е со потрага по лицата, при што се пронајдени две лица кои претходно побегнале.

Станува збор за Д.К. (24) од Крива Паланка кој е пронајден во плевна во близина на Панчарево, додека второто лице В.П. (31) од Пехчево е пронајден во шумските предели над селото.

На местото на настанот кај пронајденото возило извршен е увид, при што се пронајдени 19.480 кутии цигари и тоа 6.500 од марката „Мерлин Слимс“ без акцизна маркица – бандерола и 12.980 кутии цигари од марката „Јорк“ со македонска акцизна маркица – бандерола.

5B03F2B01D72AD4AA811FFFC5B99D5B7Полицијата утврдила дека организатор на транспортот на цигарите е Б.А. (31) од Крива Паланка. При потрагата по него, тој управувајќи патничко моторно возило „Ауди А3“ со кривопаланечки таблички и обидот да биде сопрен, не застанал на две полициски патроли во Делчево и една сообраќајна патрола во Виница. Нешто подоцна, тој е пронајден и приведен во Полициската станица во Крива Паланка.

Случајот е преземен од страна на надлежен Јавен обвинител-Основно Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по што врз основа на претходно обезбедени наредби за претрес од надлежен судија за претходна постапка, извршени се вкупно 12 претреси во дом и други простории, од кои девет претреси на подрачјето на Крива Паланка и  три претреси на подрачјето на Делчево. Пронајдени и одземени со потврда за привремено одземени предмети се 40 кутии цигари – марка ЛД, 14 патрони за ловна пушка, едно возило „Ауди А3“, како и телефонски апарати и сим картички.

cigariKola-613x320Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција денеска достави Известување во кое даде образложение за криминалните активности на осомничените. Според досегашните сознанија,тие делувајќи како криминална група, по претходен договор организирале криумчарење на акцизна стока-цигари од Македонија во Бугарија.

Во координација со надлежен ЈО од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, МВР, се подвлекува во соопштението, продолжува да презема оперативно-тактички мерки за пронаоѓање на членовите на групата кои се во бегство, како и расчистување на криминалните активности и обезбедување докази против сите лица за делата кои ги вршеле изминатиот период. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1