Животно дело за Игор Џамбазов, најкомичарка Весна Бејби


Игор Џамбазов ја доби наградата за животно дело на манифестацијата “Стенд ап Адрија авардс”, што се одржа во Универзалната сала, во организација на “Дел Рио филмс”. На настанот се доделија награди во 12 категории, а меѓу 12-темина лауреати се многу познати артисти од регионов.

igor-02За најдобар машки комичар, наградата ја доби Срџан Јовановиќ, за најдобар женски – Марина Орсаг, за најклупски комичар беше прогласен Домагој Пинтарич, за ветеран-комичар Пеџа Бајович , стенд ап надеж е Горан Фурјан, а најдобар комичар вон регионот е Иван Кирков.

Покрај наградите во регионов, беа доделени и награди за најдобри комичари во Македонија. Најдобар машки е Никола Тодоровски, а најдобар женски – Весна Петрушевска. Беа доделени и три специјални награди: на Сашо Тасевски за најгледан стенд ап проект, на Сашко Коцев за стенд ап суперстар и на Тони Михајловски за стенд ап легенда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1