Голема полициска акција во Министерството за животна средина – има и уапсени


Голема акција на МВР во Министерството за животна средина. Две лица се уапсени на работните места додека едно лице не било достапно. Информациите велат дека се наоѓа во странство.

apsenje lisici policija

Приведените лица се сомничат за злоупотреба на службената положба бидејќи како инспектори издавале потврди за вршење на дејност и за увоз на стоки на компании кои не ги исполнувале условите.

Покрај ова, кога правеле контроли во записниците внесувале податоци со невистинита содржина.

Од МВР повеќе детали најавуваат за утре.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1