Голема полициска акција во Прилеп – уапсени хакери кои краделе од кредитни картички


Во вчерашната акција на македонското Министерство за внатрешни работи била уапсена меѓународна група која се занимавала со криминал со кредитни картички.

policijaПолицијата вчера извршила претреси на пет места во Прилеп. Биле пронајдени два скимери, уреди за копирање картички, делови за изготвување скимери и над 100 бели фалсификувани картички.

Во бандата која била уапсена членувале четворица македонски државјани и еден бугарски државјанин.

Детали за полициската акција се очекуваат во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1