Голема полициска акција за расчистување на „Фабриката за афери“


Хард диск сокриен во душек пронашла полицијата во еден од претресите кои со наредба на Судот од утрово се вршат на 7 локации како продолжение на акцијата за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“, пишува Прес 24.caus5

По наредба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, полицијата утринава започна обемна акција за документирање на сомненијата против сите инволвирани во „Фабриката за афери“ на Захир Бекири – Чауш член на СДСМ, кај кого беа откриени 70.000 прислушувани разговори и десетици фалсификувани лични карти, но и лични податоци за стотици илјади граѓани, пишува Прес 24.

Според информациите на Прес 24, со наредба на судот извршени се претреси на 7 локации во Скопје.

На една од локациите е пронајден уште еден хард диск, кој ќе биде предмет на дополнителна проверка за да се утврди дали Захир Бекири Чауш и неговите соработници и на него чувале приватни разговори со намера да уценуваат бизнисмени и личности од јавниот живот. Дискот според извори од истрагата бил пронајден сокриен во душек во еден од домовите на осомничените.

Захир Бекири Чауш е прво осомничен во фабриката за афери на СДСМ. Тој се сомничи дека е одговрен за фабрикувањето на аферите со „фалсификуваните пасоши“ и „фалсификуваните лични карти“. Според истрагата, тој печател документи и потоа им ги предавал на медиумите блиски до опозицијата за да можат тие подоцна да фабрикуваат афери со кои ќе влијаат на јавноста и ќе работат за намалување на рејтингот на владејачката партија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1