Сонувал деца како горат: Американски пилот кој го бомбардирал Белград се самоубил


Потполковникот Харолд Ф. Хуч Маерс од САД си го одзел животот во 2013 бидејќи повеќе не можел да ги издржи грижата на совеста и кошмарите кои го мачеле уште од 1999 година за време на бомбардирањето на Србија

g_huc-majersМаерс се пензионирал со дијагноза пост-трауматско  растројство, познато и  како “Виетнамски синдром” и тешка депресија.

Неговата сопруга вели дека не ни помислувала дека тој ќе крене рака на себе на кобниот ден.

„Поминавме преубав ден заедно, бевме на ручек, уживавме. Тој молчеше повеќе од вообичаено… Кога дојдовме дома само го извади и пиштолот и рече ’Извини, не можам повеќе’ и си пукаше во слепоочницата“, раскажала неговата сопруга додавајќи низ солзи дека секогаш ќе го памети како вистински херој.

Според изјавите на неговите пријатели, тој постојано имал кошмари.

“Тој сонуваше луѓе како горат, нивните писоци, плач… Ги сонуваше децата, старите лица, распарчени тела … Најтешкиот дел беше кога тој не можеше да се разбуди покрај ваквите соништа. Тоа и го уби “, изјавил еден од неговите пријатели.

Покрај војната во Србија, тој бил и во Ирак и во Авганистан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1