Најмалку седум луѓе ги загубија животите во невремето проследено со поплави во изминатата ноќ во главниот град на Грузија, Тбилиси. Повеќе луѓе се водат како исчезнати, наведуваат руски медиуми.
– Загинаа седум луѓе иако тоа не се конечни информации, изјави Давид Нарманија, градоначалник на Тбилиси.
Градот ноќеска беше погоден од невреме проследено со град и силен ветар како и поројни дождови во кои се поплавени куќи и згради, оштетени улици, инфраструктура.
Поплавени се повеќе од стотици куќи, подземни преминни и плоштади. Се излеа и реката Вера поради што е поплавен дел од Зоолошката градина. Дел од животните се удавиле, а 32 побегнале меѓу кои и тигри и мечки, јавуваат локални медиуми.