Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево.
Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделениже во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени.
Сообраќајката според првичните сознанија се случила при директен судир на патничко моторно возило пасат со штипски регистарски таблички и камион.
Истражните органи треба да утврдат како дошло до несреќата.
АМСМ информира дека поради сообраќајната несреќа сообраќајот на патот Струмица – Радовиш е во прекин во двата правца.