Осумгодишното дете од Чајетина кое минатата сабота падна во кома откако се обидело да се обеси во бањата од својата куќа, почина синоќа во ужичката болница.
Цели 7 дена детето беше под надзор на лекарите од одделението за интензивна нега, но и покрај нивните напори и внимание, на детето му немаше спас.
Околностите под кои несреќното момче наводно си врзало јаже околу вратот и паднало во длабока кома, се уште се непознати, и за случајот се води истрага. Она што е познато до сега е дека родителите го пронашле момчето без свест во бањата и ја алармирале итната помош.
Веста за трагедијата ја шокираше Чајетина која детето го знаела како примерно и добро воспитано момче.
Врз телото на детето ќе биде направена обдукција.