Голема тепачка во „Мавровка“, ранети повеќе лица


Четири лица се ранети со нож во трговскиот центар „Мавровка“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 26.01.2015 година околу 18:30 часот во Скопје, во Трговски центар Мавровка три непознати лица физички ги нападнале М.Н.(18), С.И.(18) и Б.М.(23) сите од с.Арачиново и Ј.Љ.(21) од Скопје.mavrovka

При нападот со остар предмет на сите им нанеле убодни рани.

Повредените лица се пренесени во ГОБ “Св. Наум Охридски” при што на Б.М. му е констатирана тешка телесна повреда.

На другите три лица им се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1