Голема трагедија во Кочани- се запали дискотека за време на концерт – голем број починати (ВИДЕО)


Ноќеска во Кочани избувна пожар во дискотека за време на концерт при употреба на пиротехнички средства. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК. Повеќе информации во текот на утрешниот ден. – јавува Радио Кочани.

Присутни биле 1.500 гости, претежно млади лица. Починати има, но се уште не се објавува колку.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото. Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1