Уго Виеира, фудбалерот кој игра за српскиот клуб Црвена Ѕвезда, на последниот натпревар ги посвети головите кои ги даде на неговата вереничка, која го загубила животот и го оставила во огромна тага.
Фудбалерот во јануари годинава доживеал тежок удар од животот кога неговата девојка со која се сврши, Едина Карваљо, која две години се борела со тешка болест, за жал не издржала и заминала на другиот свет.
– Животот ми го зема најголемиот трофеј откако ја изгубив. Беше личноста која ме промени и најдобро ме разбираше. Беше љубовта на мојот живот и причината за моето постоење и се што сум сега. Таа беше моја принцеза, сега не чувствувам ништо освен носталгија. Некои луѓе и кога ги нема секогаш се во нашите срца. Засекогаш ќе живее во мене и секој гол и го посветувам на неа, изјави фудбалерот.