Пет лица загина во Книн, Хрватска кога автомобилот марка Тојота со шибенска регистрација излетал од мостот и паднал во реката Крка.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, во автомобилот биле еден маж, неговата сопруга, две деца и една постара жена. ХРТ објави дека меѓу загинатите има две мали дечиња- тригодишно девојче и новороденче.
Според изјавите на сведоците, возачот изгубил контрола над автомобилот, удрил во оградата од мостот и паднал во реката. Противпожарните екипи ги извадиле безживотните тела.
Медиумите од Хрватска велат дека ова е незапамтена трагедија.