Големи несреќи и катастрофи во 2014 година


Две илјади и четиринаесетата ќе биде запомнета и по неколку големи катастрофи кои го потресоа светот.

Трагедијата на летот МХ17

Украинската војна се пренесе на десет илјади метри над бојното поле на 17 јули, кога во источна Украина, блиску до градот Торес, беше срушен Боинг 777, кој леташе на летот МХ17 на малезијскиот авиопревозник од Амстердам за Куала Лумпур. Загинаа 298 души патници и екипаж, повеќето холанѓани. Меѓу жртвите имаше 80 деца.

avion ukraina

Некои аналитичари сметаат дека оваа трагедија можела да биде избегната. Во април Меѓународната организација за граѓанска акција предупреди дека постоат ризици за летовите над Украина, а американската Федерална управа за воздухопловство воведе ограничувања за прелетите над Крим и повика на внимателност при прелетувањето над други делови на Украина. Но скоро 40 компании продолжија да летаат над источна Украина и околу 900 авиони прелетаа над Доњецката област во неделата пред трагедијата на боингот. Во моментот на рушењето на малезијскиот авион во реонот летале уште три авиони. Воздушното пространство над Доњецката област беше затворено за прелети под 9,800 метри височина, но оваа мерка се покажа како недоволна.

Не треба да се заборави дека исто како и другите држави, и Украина собира даноци за прелетувања на цивилни авиони над нејзиниот воздушен простор и нема интерес сосема да го затвори. Неколку месеци пред трагедијата, во источна Украина беше срушен украински воен авион со 49 души. До крајот на јуни, медиумите, а и некои руски сепаратисти рекоа дека располагаат со противвоздушен систем Бук, кој може да погоди авиони на голема височина. Неколку дена пред катастрофата беа срушени транспортен авион и ловец на украинските сили, а новинар на Асошиетед прес соопшти дека видел сепаратистите како транспортираат Бук во градот Снежное, блиску до местото на кое падна малезијскиот авион. По страшната катастрофа, двата противнички табори и нивните застапници си разменија остри обвинувања за рушењето на авионот. Киев рече дека авионот бил срушен од сепаратистите кои користеле руски ракети, а Москва рече дека боингот бил погоден од ракета истрелана од украински ловец. Се појави и хипотезата дека сепаратистите сакале да срушат руски цивилен авион за да ја принудат Русија отворено да се вклучи во војната.

avion 3

Меѓународната истрага на катастрофата се води од Холандија. Досега се идентификувани 292 жртви. Во септеври во непотврдена информација беше посочено дека штетите на трупот на авионот се од удари од големо количество на предмети кои летале со голема брзина и тоа довело до распаѓање на авонот за време на прелетот. Поголемиот дел од остатоците од авионот беа транспортирани во ноември од местото на трагедијата во Холандија, каде истражителите ќе се обидат да ги склопат за да сфатат што се случило на 17 јули.

Седум дена по трагедијата при лоши метереолошки услови на пат од Уагадугу во Буркина Фасо, кон Алжир во Мали катастрофално се урна авион на авиокомпанијата Ер Алжери, со 116 патници и екипаж, меѓу кои имаше 33 француски војници и високи разузнавачи на мисии во Алжир и Мали, и лидерот на Хезболах, кој се претставувал како бизнисмен. Идентификацијата на остатоците од патниците заврши во ноември, а истражителите засега не потврдуваат ниту пак исклучуваат дали се работи за терористичка верзија на катастрофата. Ова трагедија нема никаква врска со трагедијата во Украина, но временската блискост натера многумина да направат паралела на катастрофите. Во поделеното Мали војниците го обебзбедија реонот на катастрофата и истражувачите имаа можност повторно да го испитаат. Во Украина посебно немаше услови за безбедна истрага и таа се покажа невозможна, а по катарсрогфата се појавија информации за уништени докази, преместени тела и исчезнати лични предмети на патниците, а спасувачките и истражителните екипи тешко доаѓаа до местото заради воените дејствија.

Трагедијата со малезискиот авион во Украина сруши три рекорди – најтешка трагедија со авион на авиокомпанијата Малезија ерлајнс, за најтешка катастрофа со Боинг 777, и за рушење на цивилен авион со најмногу жртви. Два од трите рекорди беа всушност поставени во март при друга авионска трагедија.

Летот МХ370 – ништо не се губи во природата… освен авион од 200 тони.

Никој не можел да претпостави дека во денешниот свет на масовно електронско следење ќе исчезне 200-тонски авион, но точно тоа и се случи на 8 март на малезиската авиокомпанија која го имаше летот МХ370 од Куала Лумпур за Пекинг, со 239 патници и екипаж од 15 држави, повеќето од Кина. Воздушните диспечери изгубија врска со авионот околу еден час по полетувањето, кога одеднаш се покажа дека биле исклучени двата главни предавателни системи на леталото.

Malezija-avion-avionska-nesreca-sida-HIV

Започна претрага во Југоисточното кинеско море и во Тајландскиот залив. Откако се установи дека авионот го променил курсот, се свртел кон запад и прелетал во обратна насока над Малезија, претрагат се насочи кон Малајскиот мореуз, Андаманското море и во Бенгалскиот залив. Потоа стана јасно дека сигналниот систем во авионот продолжил автоматски да праќа сигнали до сателитот кој како одговор исто така испраќал сигнали. Оваа комуникација продолжила скоро осум часа по исчензувањето на авионот од екраните на диспечерите, што и овозожи на британската компанија Инмарсат, со чиј сателит се одвивала комуникацијата, да заклучи користејќи иновативна технологија, каде се насочил летото МХ370. Така се стигна до верзијата дека летал кон југ, го истрошил горивото и паднал во Индискиот океан западно од Австралија. Претрагата во која учествуваа 26 држави со десетици бродови, хеликоптери,авиони и подводен робот, не даде никакпов резултат, а предавателите и црните кутии ги потрошија 30 дневните батерии и веднаш замолкнаа. Претрагата се води и денес од Австралија, а во јуни и ја предаде на холандската компанија за длабоководни сондажи Фирго. Сега тие со три бродови пребаруваат област 1,600 километри западно од Перт. Се анализираат записи од хидрофони, кои регистрирале шумови околу претпоставеното време на паѓањето на авионот во океанот.

Колку има неизвености во таа мистерија, толку има и теории за исчезнувањето на авионот, од пожар или хипоксија на сите во авионот до проголтување од црна дупка или грабнување од вонземјани. Верзијата за грабнување најмногу се прошири. Исто се заговара и дека можеби терористи го грабнале авионот за го урнат во некој мегаполис, а војската го срушила со ракета. Киберпирати ги хакнале системите во леталото и автопилот и го одвеле од курсот. Пилотот го урнал леталото затоа што имал семејни проблеми. Американците го урнале авионоот затоа што во него патувале кинески инженери кои биле запознати со тајни технологии, или заради натоварената во леталото технологија за контрола на американските дронови до која дошле талибанците во Авганистан при напад на американски воен конвој, и која и ја продале на Кина преку Малезија. Се појавија и тврдењата дека авионот можел да слета на 634 писти во 26 држави, вклучувајќи и во американската воена база во атолот Диего Гарсија, како и дека пилотот вежбал на симулатор дома како да слета авион на остров. Уште на 9 март во кинеските медиуми сигна писмо од непозната група која се нарекла Бригада на кинеските маченици, во кое се тврдеше дека исчезнувањето на авионот е дел од ујгурска кампања против Пекинг. Според властите, писмото не е автентично затоа што ујгурците никогаш себеси не се нарекуваат кинески. Во јули по урнувањето на авионот во источна Украина, се појави верзијата дека некој го грабнал авионот МХ370 во март, ги ликвидирал патниците, ги натоварил труповите во авионот и го пратил како лет МХ17 над источна Украина, со идеја да биде урнат.avion isceznat

Исчезнувањето на авионот распали многу критики кон Малезија заради противречните информации кои ги даваше за судбината на авионот. Кога подоцна се разбра дека малезијскиот воен радар забележал неидентификуван авион над Малезија во истото време, кога таму по втор пат веќе во друга насока прелетувал истиот авион, тоа доведе до жестоки критики кон војската дека не сториле ништо за да го идентификуваат објектот кога диспечери од неколку држави веќе се обидувале да откријат во чиј воздушен простор се изгубил боингот. Тоа сознание натера мнозина да се запрашаат дали авионот навистина исчезнал или всушност останал видлив за некои воени радари. Но во област во кој секоја држава брани различни интереси, не сите се склони да ги споделат тајните за своите воени радари, напиша тогаш Њујорк тајмс.

Присуството во авионот на двајца Иранци со украдени европски пасоши натера многумина да се запрашаат зошто служат проверките на аеродромите и базите на податоци за укаредените документи за идентификација. Во мај Интерпол објави дека ќе им дозволи на некои авиокомпании да ги споредуваат податоците за патниците со базата на податоци за украдени документи.avion malesia

Силен немир предизвика фактот дека 13 години по атентатите од 11 септември, кои беа извршени со грабнати авиони, следењето на летовите не се унапредило. Во јуни 2014 година, Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт објави дека работи на воведувањето на нови мерки за следење на авионите во реално време. Инмарсат пак предложи своја бесплатна услуга за следење на летовите за сите авиони кои ќе бидат опремени со врски со нивните сателити. Компанијата објави и воведување на услуга која ќе овозможи автоматско префрлување на податоците од една од црните кутии во авионите во случај тој да исчезне.

Се планира и продолжување на животот на батериите на предавателите за локализирање на црните кутии до 90 дена, а со продолжен живот ќе бидат батериите во авионите кои прелетуваат над океани.

„Севол“ – една историја на криминална неодговорност

На 16 април, на пат кон јужнокорејскиот остров Чеджу, се преврте и потона ферибродот „Севол“ со 476 души. Загинаа 304 души, деветмина не беа пронајдени, спасени беа 173, меѓу кои 22 члена на 29-члениот екипаж, вклучително и капетанот. Меѓу патниците имаше 300 ученици од гимназија во градот Ансан, кои оделе на екскурзија. Повеќето од нив беа и жртви.

Амортизацијата на бродот по 18-годишна експлоатација, негово преправање со цел зголемување на капацитетот за транспортирање што и го направило понестабилен, товарот два пати поголем од дозволениот, кој бил и нерамномерно распореден и врзан во лак и кој се изместил заради брановите, се причните за трагедијата. Во мигот на катастрофата, ферибродот не бил управуван од капетанот, туку од неговиот заменик, затоа што капетанот се скарал со шефовите на компанијата сопственик заради небезбедноста на бродот. Првиот сигнал за катастрофата бил испратен од ученик. Екипажот наместо да им помага на патниците, им наредил да не мрдаат по што капетанот и поголемиот дел од персоналот го напуштите бродоот. Во ноември капетанот беше осуден на 36 години затвор. Високи казни добија и членовите на екипажот и на компанијата сопственик. Заради трагедијата, сопственикот на Севол и заменик директорот на гимназијата од која загинаа учениците, се самоубија.

Јавниот притисок доведе до оставка на јужнокорејскиот премиер Чхун Хон-во и до силен пад на рејтингот на претседателката Пак Фин-хе. Трагедијата ја потресе целата меѓународна јавност. При својата посета на Јужна Кореја, папата Францско се сретна со блиски на жртвите, а Северна Кореја го обвини Сеул за геноцид заради катастрофата. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1