ФОТО: Тесниот фустан ја спасил од сигурна смрт


Зои Тарнер од Вејкфилд купила исклучително тесен фустан кој верувале или не, и го спасил животот.

Младата 21-годишна девојка го облекла фустанот за забавата која ја организирала нејзината мајка. Кога решила да си оди дома, се случил трагичен настан. Таа и уште тројца пријатели повикале такси, а потоа Зои во него седнала на предното седиште и си го врзала безбедносниот појас.

reddress

Кога тргнале, такси возилото доживеало сообраќајка и во него, од совозачката страна, удрил камион кој пренесувал цемент. Ударот бил толку силен што таксистот излетал од седиштето низ шофершајбната, а тројцата нејзини пријатели изгубиле свест на лице место.

Зои, верувале или не, останала свесна и мислела дека сите нејзини пријатели се мртви. Вистинскиот шок следувал откако биле однесени во болница и Зои ја прегледале докторите. Тие и рекле дека треба да му се заблагодари на продавачот од каде што го купила фустанот, затоа што тоа и го спасило животот.

Имено, фустанот бил толку тесен што и ги стискал коските и не дозволил тие да се мрднат и да се скршат.

Таксистот се здобил со скршеница на вратот, а нејзините пријатели со скршени раце и карлици.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1