Големо апсење во Тетово – рација во повеќе тетовски локали


Голема полициска акција ноќеска се одвивала во Тетово, пренесува Press24. Според  информациите, полицијата  влегла во повеќе ноќни клубови во градот.

23.06striptiz1На лице место затекнала 5 српски државјанки кои работеле во локалите. Сомнежите се дека станува збор за проситутки или пак стриптизети. До нив, според нашите извори биле пронајдени и кутии за бакшиш. Покрај девојките, приведени се уште три лица кои на Србинките им обезбедувале престој во Тетово. Според изворите на прес24 имале специјални станови за тоа.

Девојките работеле во ноќните клубови Бабилон и Динамика. Во земјава влегле легално и имаат уреден престој.

Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не откриваат детали бидјеќи како што велат акцијата се уште трае. Не се знае ниту со какви пријави ќе се соочат осомничените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1