Големо количество експлозив откриено во двор од џамија во Косово


Големо количество експлозив е пронајдено во двор од џамијата во косовскиот град Глоговац, на околу 30 километри западно од главниот град Приштина, пренесе Танјуг.

За телевизијата „Кљан Косова“ веста ја потврди и портпаролката на косовската полиција Фљора Ахмети.kosovo

Имамот на џамијата, Осман Муслиу, изјави дека торбата со експлозивот била најдена во момент кога во дворот имало околу 500 верници, кои присуствувале на попладневната молитва.

Меѓу присутните имало и деца.

Имамот додава дека во последно време, од различни страни, му биле упатени многу закани, без да прецизира за какви закани станувало збор.

Косовските медиуми информираат дека во моментот кога во Глоговац бил откриен експлозивот, во посета на блискиот град Србица бил американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1