ШОКАНТНО: 13 годишно момче и неговата девојка станаа родители ФОТО


Алфи има само 13 години, а делува како да има 8, а меѓу другото стана татко откако неговата девојка Шанел Стедмен ја родила Мејси Роксен.

Алфи објаснува дека тој и Шантел (15) одлучиле таа да не абортира, кога откриле дека е бремена.alfi-santel1

-Мислам дека би било добро да имаме бебе. Не сум размислувал за тоа како се ќе си дозволиме. Јас баш и не добивам пари за трошење, понекогаш татко ми дава 10 фунти, вели момчето чиј глас сеуште не мутирал.

Кога дозна мајка ми, мислев дека ќе бидам во неволја, објаснува Алфи.

-Сакавме да имаме бебе, но само се грижевме како ќе реагираат. Не знаев како е да се биде татко. Ќе бидам добар бидејќи сакам, додава тој.

Оваа приказна крена многу прашина во британската јавност.alfi-santel3

-Кога ги видов утрово фотографииве, помислив како ова е загрижувачки денес во Британија децата да имаат деца. Се надевам само дека овие деца ќе станат одговорни родители, но вистината е дека родителството е последната работа на која треба да се мисли во тие години, објаснил Дејвид Камерон.

Таткото на Алфи, Дени вели дека момчето не ја сфаќа во целост одговорноста за оваа ситуација- но делува очајно посветен на тоа да биде одговорен татко.

-Тој сакаше да биде првиот кој ќе ја држи Мејси кога се роди таа. Нежно ја бакнуваше и и’ даде да јаде. Можеше да седи дома и да игра плејстејшен, но во болница е цел ден, вели татко му.

Алфи и Шантел ја зачнале Мејси кога Алфи имал 12 години, имајќи незаштитен секс.alfi-santel3

Дека е бремена Шантел откриле во нејзината 12 недела. Ја чувале тајната околу 6 недели но на мајката на Шантел и било сомнително како се поправила толку брзо.

Шантел ја родила Мејси после 5 часа породување, а ден после породувањето дала изјава за медиумите:

-Уморна сум после породувањето. Бев нервозна но и возбудена. Бевме со Алфи на лекар. Лекарот ме праша дали сум имала сексуални односи. кажав дека сум имала и ме советуваше да направам тест за бременост. Го направив и беше позитивен. Почнав да плачам и не знаев што ќе правам. Лекарот ми кажа дека треба да и кажам на мајка ми, но јас бев многу уплашена. Мислевме дека не ни е потребна помош од родителите. Всушност кога ќе откриете дека сте бремена не ни размислувате за ништо, само помислувате дека вашите родители ќе ве убијат, вели Шантел.

Мејси сега живее со Пени, таткото на Шантел, Стив кој е невработен и нејзините 5 браќа во изнајмена куќа. Алфи живее преку улица со својата мајка но поголемиот дел од времето го поминува со Шантел и својата ќерка.

Дозволено му е да преспие кај нив, дури има и училишна униформа кај нив за да може од таму да оди во училиште од кај нив. Таткото на Алфи не живее со нив но сепак верува во тоа дека неговиот син е многу уплашен.

-Сите му зборуваат некакви работи и се тоа му се врти во неговата глава. Не му е се легнато. Нема претстава што значи бебе и не може да објасни како се чувствува. Се што знае тој е дека мама и тато ќе му помогнат. Кога ќе спомнете пари, неговиот поглед веднаш се усмерува на страна. Немаат идеја што ги чека, вели таткото на Алфи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1