ГОРАН ГРУЈОВСКИ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Судот донесе нова одлука по жалбата против притворот


Кривичниот совет ја увиде направената грешка од судијата на претходна постапка кој на Г.Г. му одреди притвор и денес се обиде нанесената неправда да ја ублажи одлучувајќи оваа мерка да се преиначи со мерка куќен притвор за него.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалба на одбраната денеска на седница донесе одлука со која го преиначи решението на Судијата на претходна постапка и мерката притвор за првоосомничениот Г.Г. во случајот „Тврдина“ ја замени со мерка куќен притвор, соопшти Основен суд Скопје 1.g_osnoven-sud11

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот Г.Г. против решението на Судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на Судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор, а по правосилноста на оваа одлука за која странките имаат право на жалба до повисокиот суд, пишува во соопштението од Судот.

Во однос на прашањата од медиуми за останатите предлози поднесени од СЈО за обезбедување присуство на другите осомничени, од Судот информираат дека до Судија на претходна постапка досега се доставени предлози за определување мерки за обезбедување присутво, за кои судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, по што ќе донесе одлука за која ќе ја информира јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1