Хашкиот трибунал да се затвори што е можно побргу


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ повикаа денеска на затворање на Хашкиот трибунал што е можно побрзо бидејќи не придонел во процесот на помирување.HAG33

– Делиме мислење на Русија дека Хашкиот трибунал мора да се затвори што е можно побрзо. Тој не придонесе во процесот на помирување. Наспроти тоа, секоја нивна пресуда шири омраза, а страните почнуваат да расправаат за тоа кој е повеќе, а кој помалку виновен, истакна Дачиќ по состанокот во Москва со Лавров.

Тој упати критики за пресудата против Радован Караџиќ, а се осврна и на ослободителната пресуда за лидерот на СРС, Воислав Шешељ, нагласувајќи дека на Србите им е тешко да поверуваат дека Трибуналот може да донесе и позитивна одлука.

– Тоа е антисрпски суд. Осудува без докази, изјави Дачиќ.

Лавров наведе дека постојат многубројни примери во кои Трибуналот покажал пристрасен карактер со „прикривање несрпски осомничени за воени злосторства“, а како пример го посочи случајот со Рамуш Харадинај.

За него, Лавров вели дека во интерни документи на НАТО е обвинет како воен злосторник „кој ужива во убивање луѓе“, но Трибуналот го ослободил, а НАТО „срамно одбил до Трибуналот да достави информации што ги поседува“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1