Тони Станоев осуден на доживотен затвор поради трикратното убиство во Кавадарци


Апелацискиот суд ја преиначи пресудата на велешкиот суд кој му изрече казна затвор 40 години на Тони Станоев поради трикратното убиство во Кавадарци и го осуди на доживотен затвор.

„Пресудата на Основниот суд Велес е преиначена во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот со првостепената пресуда е огласен за виновен за три кривични дела убиство, се осудува на казна доживотен затвор“, пишува во писменото соопштение на Основен суд Велес.toni sud

Одлуката на Апелацискиот суд следи откако на првостепената пресуда ,се жалеше велешкото јавно обвинителство. Тони Станоев рече дека се кае за стореното дело. Оштетените се жалеа дека одуката на велешкиот суд е скандалозна и најавија дека ќе поднесат жалба. Во врска со одлуката на Апелацискиот суд во изјава за Канал 5 велат дека судот им ја враќа вербата во правниот систем. Тие се надеваат дека доживотен затвор за Станоев ќе потврди и Врховниот суд.

Трикратното убиство во Кавадарци се случи во ноември 2014-та година. Станоев со пиштол смртно ги застрела родителите и сестрата на сопругата во нивната семејна куќа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1