Последниот лидер на Советскиот сојуз Михаил Горбачов, кој се наоѓа во болница во Москва, рече дека завршил со медицинските анализи, дека се чувствува добро и дека наскоро би можел да води ’нормален живот’, пренесува неговиот портпарол
Горбачов се наоѓа во московската болница која се грижи за високите руски функционери. Нема информација заради што Горбачов е примен на клиниката.
Добитникот на Нобеловата награда за мир во 1990 година, последните години учествува на разни меѓународни собири, а ја води и Фондацијата Горбачов, која се занимава со хуманитарни програми и образование. Во последно време на јавните настапи изгледаше уморно, а според руските медиуми, тој боледува од дијабетес.