Горбачов: Добро сум, наскоро се враќам на ’нормалниот живот’


Последниот лидер на Советскиот сојуз Михаил Горбачов, кој се наоѓа во болница во Москва, рече дека завршил со медицинските анализи, дека се чувствува добро и дека наскоро би можел да води ’нормален живот’, пренесува неговиот портпарол

Горбачов се наоѓа во московската болница која се грижи за високите руски функционери. Нема информација заради што Горбачов е примен на клиниката.gorbacov

Добитникот на Нобеловата награда за мир во 1990 година, последните години учествува на разни меѓународни собири, а ја води и Фондацијата Горбачов, која се занимава со хуманитарни програми и образование. Во последно време на јавните настапи изгледаше уморно, а според руските медиуми, тој боледува од дијабетес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1