Мајката на Ангел П. како во бунило, бесцелно се вртеше околу полициските и возилата на брза помош близу до местото каде што го убија нејзиниот син на скалите од очната клиника во скопската населба Ѓорче Петров. „Ми го заклаа ангелот”, во солзи по стоти пат ја повтори истата реченица мајката на Ангел.
Револтот вечерва по убиството на младиот Ангел во Ѓорче Петров излезе од контрола. Во моментов според информациите на плус инфо, гори дуќан, а се демонстрира и насилство при што се искршени повеќе прозори на објекти, објавија повеќе медиуми.
На местото каде е убиено младото момче голем број на жители на Скопје, палат свеќи.
Во тек е и седница на советот на општината, која се одржува вечерва откако беше итно свикана.
Фото – Нова Македонија