Гори хотел на плоштадот во Скопје


pozar strumica - pozarnaПомал пожар вечерва избил во хотелот Сквер лоциран над кафулето Тренд на плоштадот Македонија, јави Република. Според информациите кои ги објави порталот, повикувајќи се на изјави на првиот човек на скопската противпожарна бригада, станува збор за помал пожар кој веднаш бил изгаснат,

Се работи за помал пожар, најверојатно на оџакот на хотелот, кој веднаш е локализиран и изгаснат, а причинета е само материјална штета – изјави Благоја Менковски, командира на скопската противпожарна бригда за „Република“.

Густиот чад кој предмалку излегуваше над ресторанот „Тренд“ кај плоштад „Македонија“ ги вознемири граѓаните. Сепак пожарот кој започнал во хотелот „Сквер“, кој се наоѓа веднаш над ресторанот, веднаш е угаснат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1