Ѓорчев ја стартуваше внатрепартиската трка за претседател – СДСМ ќе ги чека партиските анкети


Влатко Ѓорчев влегува во трката за наследник на Иванов. На патот до Водно му стои партиската конвенција на средина од идниот месец и претседателските избори на крајот од април. 40 годишниот татко на 4 деца се решил на ваков чекор бидејќи како што вели не можел да го гледа она што и се случува на Македонија.

Покрај Ѓорчев за внатрепартиските избори има уште една кандидатура а од оппзициската партија не ја отфрлаат можноста до истекот на рокот да се пријават и други кандидати

Во владејачкиот блок трката за кандидат за претседател се очекува да заврши во петок за кога СДСМ го закажа состанокот на партискиот централен одбор. Се чини најжестока битка се води меѓу Шеќеринска, Спасовски, Димитров и Пендаровски, а министерката за одбрана смета дека добар кандидат би бил и Премиерот Заев кој веќе 2 пати сам се исфрли од конкуренција.

Учество со свој кандидат на изборите најави и ЛДП а се очекуваат и кандидати на вонпарламентарни партии и на оние од албанскиот опозициски блок

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1