Гореше автмобил во Скопје


Гореше автомобил во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера околу 04,15 часот од Бригада за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на ул.„Милан Марковиќ“ интервенирале на опожарено возило „Шкода Кодијак“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ј.А. од Скопје и делумно опожарено возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Т.О. од с.Богданци.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот е целосно изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1