Гореше службениот автомобил на една позната скопска градинка.
Според информациите на полицијата, С.К. вчера во 7:55 часот во СВР Скопје пријавил дека на улицата „Среќко Пужалка“ во кругот на детска градинка од засега непознати причини било опожарено товарно моторно возило „Субару Либеро“ со скопски регистерски таблици сопственост на градинката.
Возилото подолго време не било во возна состојба и било оставено на наведеното место.
Се работи на расчистување на настанот.