Нимиц за Euronews: Разговараме за името на државата и тоа не треба да влијае на идентитетот


Мислам дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за вашиот северниот сосед, а преговорите се водат за името на државата, вели медијаторот Метју Нимиц, во интервју за Euronews на грчки јазик.

– Прашањата за кои што се преговара се поврзани со името на државата. Името на државата, решавањето на ова прашање за името на државата, не треба да влијае на идентитетот на граѓаните. Јас верувам дека е можно решение кое ќе биде задоволително и за двете земји, вели Нимиц во интервјуто.

 

Според медијаторот, сега е соодветно време за решение, а во однос на најлошото сценарио, да не се постигне договор сега, вели дека „времето не е на наша страна“, затоа што за 2 години ситуацијата и во двете земји може да биде различна.

– Ситуациите се менуваат, владите се менуваат, не знаеме која ќе биде владата во Грција за две години. Не знаеме која ќе биде владата во Скопје, не знаеме каква ќе биде ситуацијата во регионот. Може да се случат различни настани што ќе ја отежнат ситуацијата, во иднина да ја направат посложена ситуацијата за да се најде решение, објаснува медијаторот во интервјуто.

Метју Нимиц во интервјуто за Euronews, вели дека не може да одреди конечен краен рок за решение, бидејќи е медијатор, ниту пак може едната на другата страна да и достави ултиматум

– Но, верувам дека постои прозорец за можност и двете страни препознаваат дека е соодветен момент за да го решиме прашањето, посочува Нимиц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1