Гори Бит пазар во Скопје


Голем пожар изби, околу 1 часот по полноќ, во најголемиот пазар во Скопје, Бит пазар.

pozar55Како што пишува порталот „Zhurnal“ пламени јазици се издигаат од пазарот, а десетици пожарникари, со најмалку десет противпожарни возила се на местото и се обидуваат да се справат со огнената стихија,

Причините се уште не се познати, но истражните власти велат дека наскоро ќе се открие причината, а утре ќе бидат познати деталите за пожарот.

Како што јавува репортерот на „Zhurnal’, не е познато ни дали има повредени или жртви, ниту дали се зафатени продавниците и тезгите со текстил или некој друга стока.

Извор – Журнал.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1