Гори најголемата џамија во Западна Европа (ФОТО+ВИДЕО)


Изби пожар во најголемата џамија во Лондон, која се смета и за најголема во Западна Европа, јавуваат агенциите

Околу 70 пожарникари го гасат пожарот во џамијата Бајтул Футух во Лондон, во јужниот дел од градот, кој почнал околу пладне.Половина од приземјето е зафатено од огнот, а пожарот забрзано се шири и на првиот кат.gor djamija

Улиците околу џамијата се блокирани. Еден маж, на возраст од околу 40 години, е префрлен во болница поради вдишување големи количества чад.

Претставник на пожарникарската служба изјави дека на лице место се наоѓаат десет возила со околу 70 пожарникари.

„Можеме да кажеме дека станува збор за голем пожар“, кажа тој. „Сѐ уште е рано да се зборува за причините за пожарот“.djamija gori 2

Од полицијата наведуваат дека немаат информации дека имало луѓе во џамијата во моментот на избувнувањето на пожарот, како и оти се уште се работи на гаснењето.

– Видов мал облак од чад, се слушнаа аларми, а потоа огнот се прошири, сега тука се полицајците, пожарникарите, амбулантни возила и стотици граѓани, рече очевидец.

Џамијата Бајтул Футух беше завршена во 2003 година, а нејзината изградба чинеше, според извештаите, околу 5,5 милиони фунти.

Таа се смета за најголема џамија во Западна Европа со капацитет да прими до 10.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1