Гори Шар Планина – пожарот се спушта кон Вратница


Пожарот кој веќе една недела ја пустоши Шар Планина сега е на околу 400 метри од првите куќи на село Вратница.


Последниве неколку дена, пламени јазици “голтаа“ шуми и во гостиварско Врањовце и Неготино Полошко, каде изгореа околу 100 хектари.

На Шар Планина гори нискостеблеста и букова шуми, а според проценките на мештаните зафатена е околу 1000 хектари шума. Најверојатно човечки фактор го предизвикал пожарот.
Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот на Шар Планина се гаснел со авиони пред неколку дена.

Мештаните стравуваат дека пожарот може да ги зафати нивните домови, доколку во гаснањето не се вклучат и авионите. Гаснењето од земја е невоззможно поради непристапнопста на теренот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу изјави дека пожари има во општина Чашка, на планината Јабланица, во Струга, меѓу селата Челиковце и Горно Строгомиште, во општина Зајас, во општина Новаци, а и во општина Гевгелија, општина Гостивар, во општина Кисела Вода кон Националниот парк „Јасен“, општина Прилеп, во општина Јегуновце и општина Врапчиште.
Пожарите ги гаснат пожарникарни екипи, луѓе од шумски претпријатија, од „Паркови и зеленило“, и од Дирекцијата за спасување.

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1