Гори Водно – голем пожар избувнал вечерва (Фото)


Со голема брзина пожар се шири на  Водно над Теферич. Огнот започнал да се шири околу 19.15 часот, во близина на патот каде што се гради кон новата населба Сончев град. Веднаш е пријавено и противпожарни екипи веќе се на местото на пожарот и се обидуваат да го спречат неговото ширење

Информацијата ја потврди и командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски

– Има голем пожар на Водно, над кафеаната „Теферич“, рече Менковски.

Се уште нема информации за причините за избувнување на пожарот.

pozar vodno2

pozar vodno

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1