Гости во хотел пиеле вода од резервоар во кој се распаѓало мртво тело (Видео)


Полицијата соопштила дека во резервоарот за вода од хотелот “Сесил”, било пронајдено безживотното тело на 21-годишната Канаѓанка Елис Лам, која била пријавена како исчезната на 31 јануари минатата година. Телото го пронашол еден работник кој ја одржувал зградата.

rezervoar vodaНа кровот на овој хотел, се наоѓаат 4 резервоари со вода, а во еден од нив била пронајдена девојката. Примероци од водата биле пратени на испитување.

Туристите кои престојувале во хотелот биле шокирани кога дознале.

“Водата имаше некој чуден вкус”, изјавила Сабрина, која со сопругот ја пиела хотелската вода 8 дена.

“Мислевме дека водата има таков вкус овде”, додала британската туристка. “Тушот исто така беше непријатен. Кога ќе пуштите вода, прво течеше црна вода, а потоа доаѓаше во нормала.”

Хотелот, и покрај страшното откритие и загаденоста на водата, останал отворен, а гостите биле предупредени да не ја пијат водата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1