Шеесет и седумгодишен гостиварец вчера се обидел да се самоубие фрлајќи се во реката Вардар во Гостивар, а давењето е избегнато откако четири минувачи, од кои тројца малолетници успеале да го извлечат од водата.
Во близина на металниот мост над гостиварската болница, тој се фрлил во реката, но четворицата го забележале и успеале да го извлечат од коритото, по што бил префрлен во болница. По укажаната лекарска помош, мажот е пуштен дома.
Според првичните сознанија на полицијата гостиварецот се соочувал со извесни психички проблеми.