Вчера околу 13.00 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пасат“ со албански регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во седумгодишно дете од с.Врапчиште, по што го напуштило местото на настанот.
Детето било пренесено во УЦ-Гостивар, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.
Увид извршила екипа од ПС за БПС-Гостивар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата, како и за целосно расчистување на случајот.