Гостивар: Возела во рикверц, си ја прегазила ќерката


Гостиварката Е.А. (41) тешко ја повредила 15-годишната ќерка удирајќи ја со возилото кое го управувала. Девојчето е згрижено на скопските клиники со скршеници на двете раце.

policijaMKDСпоред СВР Тетово, незгодата се случила синоќа околу 19 часот на улица во селото Балиндол. Мајката се обидувала да го паркира возилото „голф“, а ќерката и покажувала правец. Во еден момент, додека враќала наназад, девојчето било удрено и се нашло под тркалата.

По незгодата, повредената е згрижена во гостиварската општа болница, по што заради тежината на повредите, е пренесена на скопските клиники.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1