Претседателската дебата на МТВ нема да оди во живо


Првата претседателска дебата која треба да се емитува вечерва на првиот канал на јавниот сервис нема да оди во живо туку ќе се пушти снимка на која се работи денеска попладне во едно од студиата на МТВ, пишува Нова ТВ.

pretsedatelski kandidatiНеофицијално, образложението поради кое дебатата ќе оди снимена а не во живо е поради тоа што редакцијата на МТВ не успеала да го усогласи терминот поради агендите на кандидатите.

Во текот на вчерашниот ден, МТВ најави дека „после испратената покана до сите претседателски кандидати и нивната официјална согласност, Македонската радиотелевизија…после завршувањето на вториот Дневник на првиот програмски сервис ќе емитува дебата помеѓу кандидатите за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори“.

Инаку, владејачката партија во истиот тој термин, 20:00 часот има закажано митинг во Скопје.

Партијата ГРОМ и нивниот кандидат Поповски вечерва организираат Конвенција во Куманово, додека Стево Пендаровски ќе се обрати во Штип.

Нова ТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1