Сите руски предавства на Србија: Дали се навистина браќа или им служат како кусур?


Колку е погрешно да верувате некому, кога станува збор за меѓународните односи и колку е лошо да се мисли дека големите светски лидери се водат по нешто друго освен по своите интереси, може да се дознае преку тажните и трагични редови кои што следат, пишува српски „Телеграф“, пренесува Нетпрес.

srbija rusijaЉубов, сентименталност, братство… Ништо од тоа не постои во геополитиката, во која што апсолутно се врти околу интересите кои често пати се менуваат од година во година. Србија денес е окружена со земји членки на НАТО и Европската унија, баш како во 1941-ва година била окружена со земјите членки на Тројниот пакт. На кобниот 27-ми март таа година Србите рекле громогласно „не“ на договорот и со неутралност влегле во Втората светска војна поради љубов со Французите и Британците. Тоа земјата ја чинеше милион ипол мртви и стотина илјади разрушени домови, а исходот од тој судир не можеше да се промени.

Краткиот преглед на српските историски односи со Русија во последните два века откако е обновена модерната српска држава најдобро се илустрира колку е погрешно да се има доверба во некои земји само затоа што народите веруваат во иста религија, се од иста индопевропска етно-лингвистичка група. И колку е нормално за секоја земја, па и за Русија, во различни историски моменти и околности се менува сојузништвото и се прилагодуваат постапките на новонастанатите околности. Никој не ја спори поврзаноста на српскиот и рускиот народ, но тоа во минатото не играло никаква улога. Србија нема друг пријател освен реалноста и разумот.

Прво српско востание: Прва помош, а на крајот предавство

srbija rusija sojuzУште пред избивање на оружениот бунт, црногорскиот владика Петар Први побарал руска помош за општосрпското востание против Турците, нудејќи го тронот на Роман на обновеното Српско царство, но Русија тогаш била во сојуз со Османлиите и не сакале да помогнат. Но, веќе следните години, кога востанието започна во Шумадија, рускиот цар одлучи финансиски да ги помогне Србите, а во 1806-та година влезе во војна со султанот, кој трае до кобната 1812-та година.

Тогаш Русија се повлекува од таа војна поради тенденциите на Наполеон кон Москва, природно ставајќи ги сопствените интереси над српските. Русите потпишаа договор со Отоманското царство преку Букурешкиот мир со кој се признава дека ја брка власта на Турците над Србија, со што им се даваат одврзани раце.

Второто српско востание: Русите не мрдале ниту со прст

Сеењето смрт траело три години, додека Србите повторно не се кренаа. Кнезот Милош на рускиот император Александар му нудел да ги земе Србите под своја заштита и да им даде ист статус како Молдавија, но овој не бил заинтересиран. Борбите траеја кратко, а султанот на Србите им дал автономија. Треба повторно да се каже дека Русија издејствувала дополнителна автономија кои биле под капа на Србија.

Прва светска војна: Помош

rusiВо прашање е единствен светол пример за безусловна помош на Санкт Петерсбург на српскиот народ. Царот Никола Втори влегол во овој прв глобален конфликт само поради Србија, иако неговата држава била целосно неподготвена за тоа. Важно е да се напомени и тоа дека Русите упатиле ултиматум на Велика Британија и Франција да мора да ја прифатат и да ја згрижат српската војска.

Втора светска војна: И таму и ваму

Сталин на ниту еден начи не помогна на партизанското востание во Југославија, се’ додека Црвената армија не влезе во Србија. Српското тогашно раководство сакаше земјата да биде независна, но Москва сакала комунистичка Југославија да биде сателит на СССР како и сите останати земји од источна Европа.

Санкциите од 1992-ра година: Предавство

По избивање на војната во Босна и Херцеговина, во мај 1992-ра година непризнатата Сојузна република Југославија да воведе санкции за резолуцијата на Советот за безбедност 757, кои што предвиделе целосно меѓународно економско ембарго.

Оваа резолуција на предложиле Франција, Велика Британија, САД, Белгија, Мароко и Унгарија, а изгласана е со поддршка на Русија со 13 наспроти нула.

Бомбардирање во 1999-та година: Предавство

Kraljevska-palata-u-Briselu-Belgija1„Русија за целото време на бомбардирање се обидуваше да го принуди Милошевиќ да попушти пред барањата на НАТО. Но, тоа што на трети јуни одлучи отворено да го поддржи Западот и преку сите  дипломатски канали кои беа на располгаање да го принудат Милошевиќ да се предаде и да ја повлече војската на Косово, беше клучно за запирање на непријателството и да запре бомбардирањето на Југослација“, тврди британскиот генерал- полковник, Мајк Џексон.

Русија не го призна Косово кое што во 2008-ма година прогласи независност, и целото време пружа поддршка на српското раководство. Поради што тоа точно го прави и дали ќе се обиде да го искористи за своја сметка во случајот со Крим, ќе покаже времето. Она што е сигурно, Москва нема да ја брани Србија бидејќи ја сака затоа што на Србија тоа и’ е потребно. Време е Србија да сфати што и’ е потребно и да престане да се води на сентиментите: како што кралот Милан тоа го сфатил на потежок начин пред околу 150 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1