Гостивар завеан – забрани за движење кон стража


Во гостиварско интензивно паѓа снег, забрани за движење кон Стража и Маврови Анови

Снегот кој паѓа со засилен интензитет предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот по магистралните и локалните патишта во гостиварскиот регион. Поради снегот кој се задржува коловозот, забрана за движење на тешки товарни возила има кон превојот Стража и кон Маврови Анови.
Шест сообраќајни несреќи се случија на локалните патишта низ гостиварската општина. Од СВР Тетово информираат дека им укажале на надлежните институции задолжени за одржување на патиштата да ги обезбедат сите потребни мерки за непречено одвивање на сообраќајот и постапување во зимски услови.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1