Готов законот за СЈО – се чека обезбедување најмалку 80 пратеници


Иднината на СЈО е во рацете на 80 пратеници. Власта се уште нема обезбедено поддршка за усвојување на новото законско решение со кое обвинителството на Јанева ќе продолжи со работа. Министерката Дескоска вели дека има простор за преговори со пратениците од опозиција за измени на одредени одредби од законот, но има и црвени линии за кои не може да се разговара.

Има јасни насоки од ЕУ во врска со законскиот текст. Секако ние тргнуваме од законски текст што би бил идеален, но под црвените линии, под она што значи европски стандард во регулирањето, ние не смееме да паднеме, бидејќи тогаш ќе биде џабе носењето на законот. Значи закон што нема да добие преодна оценка во ЕУ, воопшто нема да биде пуштен во Собрание, рече Дескоска.

Правното мислење на Врховниот суд дека СЈО не смее да покренува обвиненија и истраги по изминување на законскиот рок од 18 месеци, според првиот човек на Здружението на судии не направи упад во судскиот систем. Саити вели дека ова само го отвара патот за побрзо решавање на статусот на СЈО.

Не се согласувам со некои видувања дека Врховниот суд ги презеде надлежностите на Собранието, затоа што тоа не е толкување, туку објаснување на примената, рече Саити.

Спротивно од мислењето на највисокиот суд, новиот закон предвидува СЈО да стане дел од редовното обвинителство и надлежност и натаму да ги води предметите отворени по 30 јуни 2017та. Обвинителството на Јанева ќе добие целосна независност и ингеренции да гони висока корупција. Рокот за донесување на новото законско решение истекува на 18 март.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1