И покрај најавите дека денеска ќе се објават резултатите од споредбата на ДНК примероците на таткото на Дениса, со тој на пронајденото тело, тоа се уште не се случи. Од МВР и МНР за потврдија дека се уште ги чекаат резултатите, а кога точно ќе се случи тоа не можеа да кажат бидејќи како што велат тоа зависело само од брзината на грчките органи кој ја прават споредбата.
Сител денеска повикувајќи се на свои извори објави дека ДНК анализата е готова, но дека грчките органи не соопштуваат информации.
Во меѓувреме родителите на Дениса, но и целата македонска јавност се во исчекување да дознаат дали се работи за Македонката. Од резултатите зависи и тоа како ќе продолжи истрагата, односно дали грчката полиција и обвинителство ќе расчистуваат убиство, самоубство, несреќен случај или пак потрагата по исчезнатата Дениса ќе продолжи.