Трагедија: Наместо живот во Германија – смрт во Вардар


Денеска околу 10 часот во водите на Вардар покрај тетовското село Сараќино пронајдено е безживотното тело на 21-годишната Сабина Алити  од ова село. Го пронашол нејзиниот 22-годишен сопруг Зулхан и други родинини, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Ноќеска половина час по полноќ тие во Полициското одделение Групчин пријавиле дека таа вечерта околу 19 часот заминала од домот во непозната насока.vardar trup

– Откако утрово го пронашле телото, го пријавиле случајот, по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле извршиле комплетен увид и го фотодокументирале случајот.  По наредба на јавен обвинител телото денеска ќе биде предадено за обдукција, по што поконкретно ќе се знаат причините за нејзината смрт. Во коoрдинација со јавен обвинител се расветлуваат сите поединости- кога, како и зошто се случила смртта и друго, изјави Јосифовски.

Од семејството  велат дека за последен пат ја виделе Сабина синоќа околу 19 часот откако Зулхан се вратил од работа како надничар. Таа останала надвор од куќата додека тој се миел внатре, но кога излегол Сабина ја немало. Веднаш започнале да ја бараат, но откако по повеќечасовна потрага не ја нашле, нејзиното исчезнување половина час по полноќ го пријавиле во полиција. Роднините  велат дека постојано контактирале со нејзиното семејство кои биле во Германија и оти и таа требало да извади пасош и да заминат таму заедно со маж со кого го очекувале нивното прво дете. Отако нејзиното тело било пронајдено денеска на увид излегле екипи на полицијата, јавното обвинителство и лекар по судска медицина кои го презеле телото на починатата  за обдукција со цел  утврдување на точните причини за смртта на Сабина.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1