За Илинден во Љубојно се одржа фестивалот „Фолк фест Преспа 2012“, на кој верувале или не, сите ги одушеви и на крај победи 12 годишниот Вејчеслав Поповски.
Ова прекрасно младо момче од Скопје ја испеа македонската химната, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и други песни и никој не ги штедеше своите дланки. На крај ја доби највисоката награда на фестивалот, прво место и голема слика со ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Поповски зад себе има и две први места на меѓународни фестивали во Москва и израел, освоени годинава, и тоа за соло пеење.
На сцената на „Фолк фест Преспа 2012“ настапија и Јордан Митев кој доби награда ОД „Сенатор“ за најслушан македоснки фолк пејач во дијаспората, Јулија замина со втора награда, како специјален гостин запеа Владо Јаневски, шоу на свој терен направи и „домаќинот“ Ламбе Алабаковски , а имаше и многу млади пејачи кои допрва ќе се афирмираат.