Гра­дот го на­ма­лу­ва пар­ки­ра­ње­то за 5, а Цен­тар за 10 де­на­ри


Од ЈП “Град­ски пар­кинг” ве­лат де­ка це­ни­те ги на­ма­лу­ва­ат са­мо за пет де­на­ри, оти спо­ред прес­мет­ки­те што ги има­ат, за да ра­бо­тат рен­та­бил­но, мо­жат да доз­во­лат са­мо тол­ка­во на­ма­лу­ва­ње, пишува Вест.

За пет де­на­ри ќе се на­ма­ли це­на­та за пар­ки­ра­ње на пар­кин­зи­те со кои сто­па­ни­су­ва ЈП “Град­ски пар­кинг”. Та­ка, пар­ки­ра­ње­то во пр­ва­та зо­на мес­то 45 де­на­ри, ќе чи­ни 40, во вто­ра­та мес­то 35, ќе би­де 30, а це­на­та во тре­та­та зо­на, од 25 де­на­ри ќе се на­ма­ли на 20. На­ма­лу­ва­ње­то за 5 де­на­ри ќе ва­жи и за зат­во­ре­ни­те пар­ки­ра­лиш­та и за оние ка­де што е во­ве­де­но зон­ско пар­ки­ра­ње.
На на­ред­на­та сед­ни­ца на Со­ве­тот на Град Скоп­је тре­ба да по­ми­нат но­ви­те це­ни.

Пок­рај днев­ни­те кар­ти за пар­ки­ра­ње, од прет­при­ја­ти­е­то ве­ќе ја на­ма­ли­ја и це­на­та на ме­сеч­ни­те кар­ти за ста­на­ри­те. Та­ка, за пр­во во­зи­ло мес­то 250 де­на­ри за зат­во­ре­ни­те и 200 за зон­ско, од по­не­дел­ник гра­ѓа­ни­те ќе пла­ќа­ат 150 де­на­ри, а за вто­ро во­зи­ло – це­на­та од 500, од­нос­но од 400 де­на­ри, се на­ма­лу­ва на 300.

На­ма­лу­ва­ње на це­ни­те нај­а­ву­ва­ат и од ЈП “Пар­кин­зи Оп­шти­на Цен­тар”. За раз­ли­ка од град­ско­то прет­при­ја­тие, оп­штин­ско­то ќе ги на­ма­ли це­ни­те за 10 де­на­ри.
За две не­де­ли, пар­ки­ра­ње­то во пр­ва­та зо­на мес­то 50 де­на­ри, ќе чи­ни 40 ако се пла­ќа во го­то­во, од­нос­но 35 ако гра­ѓа­ни­те има­ат М-кар­та. Во вто­ра­та зо­на мес­то 40 де­на­ри, пар­ки­ра­ње­то ќе би­де 30 или 25 со М-кар­та. Ќе се на­ма­лат и ме­сеч­ни­те кар­ти. Та­ка, би­ле­тот за цел ме­сец за пр­ва­та и за вто­ра­та зо­на ќе би­де 2.000 де­на­ри или 1.500 со М-кар­та. Са­мо за пр­ва­та зо­на це­ни­те ќе би­дат 1.500 де­на­ри и 1.200 де­на­ри, а за вто­ра­та – 1.200 и 1.000 де­на­ри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1