Зголемено присуство на полициски службеници утринава е забележано на Бит Пазар.
Од полицијата информират дека се случил грабеж во експозитурата на „Македонска пошта“.
Според информациите од МВР, околу 7:30 часот маскиран разбојник вооружен со пиштол им се заканувал на тројцата вработени, а од поштата одзел околу 80.000 денари.