ГРАБЕЖ ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Разбојници со сатар ограбиле обложувачница


Разбојници ограбиле обложувачница во скопската населба Ново Лисиче. Тие ѝ се заканиле на вработената со сатар, а од касата украле 100.000 денари.zgrada novo lisice

Како што информира полицијата, кражбата во обложувачницата лоцирана на булеварот „Видое Смилевски Бато“ била пријавена вчеравечер.

Според пријавата, две непознати лица, заканувајќи ѝ се со сатар на вработената, украле околу 100.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1